Јувентус ја совлада екипата на Сасуоло како гостин со 0-3 во 19. коло на италијанската Серија А.
Избраниците на Лучијано Спалети ја продолжија серијата добри резултати и по изненадувачкото реми со Лече забележаа убедлива победа.
Јувентус веднаш започна со опасни напади. Ударот на Јилдиз го одбрани Муриќ, додека обидот на Камбијасо заврши покрај голот. Кога противничките играчи не успеаја да го совладаат голманот на Сасуоло, тоа го направи неговиот соиграч Тарик Мухаремовиќ, постигнувајќи несреќен автогол по центаршутот на Калулу во 16. минута.
Во 62. минута, Фабио Мирети ја доби топката од Џонатан Дејвид, тргна кон голот на противникот и ја затресе мрежата на Сасуоло за 0-2.
Конечниот резултат го постави токму Џонатан Дејвид во следниот напад, откако го заобиколи Муриќ и ја потврди победата на гостите.
Со оваа победа, Јувентус се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А со 36 бодови, додека Сасуоло е на 11. позиција со 23 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













