Манчестер Јунајтед се откажа од намерата да го доведе Сандро Тонали, откако раководството на клубот процени дека трансферот на италијанскиот репрезентативец би бил прескап во овој момент.
На „Олд Трафорд“ се насочени кон побалансирана трансфер политика, бидејќи тимот има потреба од засилувања на повеќе позиции и не сака најголемиот дел од буџетот да биде потрошен на еден играч.
Сепак, интересот за фудбалерите на Њукасл не е целосно згаснат. На листата на желби на „црвените ѓаволи“ и натаму се наоѓа левиот бек Луис Хол, кој се смета за едно од најперспективните имиња во англискиот фудбал.
Од друга страна, Њукасл би можел да биде принуден да продаде неколку важни играчи за да ја стабилизира финансиската состојба. Освен Тонали, како можни заминувања се споменуваат и Хол, како и Тино Ливраменто.
Сепак, ниту еден од тројцата во моментов не покажува желба да го напушти „Сент Џејмс Парк“. За Тонали, пак, клубот бара сума од околу 100 милиони фунти, што е една од главните причини поради која Манчестер Јунајтед се повлече од трката за неговиот потпис.
Во Њукасл се решени да имаат целосна контрола врз евентуалните продажби ова лето и да избегнат сценарио како минатата година, кога Александер Исак си замина во самиот финиш на преодниот рок по неколкунеделна трансферна драма.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













