Connect with us

Сампдорија во нов обид да го ангажира Дејан Станковиќ за нов тренер

Тренерот на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ, би можел тренерската кариера да ја продолжи во Серија А. Италијанскиот калчолигаш Сампдорија сака да го ангажира српскиот стратег. Тој е желба на раководството на клубот веќе подолг период.


Сампдорија му подготвува отказ на тренерот Роберто Даверса откако вчера тимот загуби на домашен терен од Лацио (1-3). Челниците на тимот од Џенова за нов тренер го посакуваат токму Дејан Станковиќ.

Тој е под договор со Црвена Звезда, но Сампдорија планира да почне преговори за негов ангажман и подготвена е да плати одредена отштета. Сепак, како што тврдат српските медиуми, минимални се шансите Црвена Звезда да дозволи Станковиќ да си замине.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови