Селекциите на Бразил и Мароко ремизираа 1-1 на стадионот „МетЛајф стејдиум“, додека Шкотска го презеде првото место во оваа група, откако славеше против Хаити со 1-0.
Според прикажаното на теренот, впечатокот е дека Мароканците беа поблиску до победата, додека избраниците на Карло Анчелоти уште еднаш покажаа дека имаат многу простор за напредок доколку сакаат сериозно да конкурираат за светската титула.
Мароко подобро го отвори натпреварот и во најголемиот дел од првото полувреме вршеше постојан притисок врз фаворизираниот противник. Иницијативата на африканската селекција беше крунисана во 21. минута, кога Брахим Дијаз одлично го пронајде Исмаил Саибари, а играчот за врска со ефектна завршница го совлада Алисон Бекер за заслужено водство од 1-0.
Бразил се врати во игра преку Винисиус Жуниор, кој блесна во 32. минута постигнувајќи мајсторски погодок, еден од најубавите досега на Мундијалот.
Второто полувреме не донесе многу возбудувања. Двете репрезентации играа значително повнимателно, со јасна намера да не останат без бодови уште на стартот од турнирот. Бразил имаше поголем посед на топката и повеќе удари во рамките на голот, но не успеа да стигне до победнички гол. Од друга страна, Мароко со дисциплинирана игра успешно ги затвораше сите приоди кон својот гол.
Шкотска го победи Хаити со 1-0 на „Жилет стејдиум“ во Бостон. Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Џон Мекгин во 28.минута од дуелот.
Во второто коло, Бразил ќе се соочи со Хаити во Филаделфија, додека Мароко ќе ги одмери силите со Шкотска во Мајами.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













