Connect with us

Само четири фудбалски клуба меѓу педесетте со најголема вредност

На крајот од годината магазинот „Форбс“ ја објави листата на 50 клубови со најголема вредност и на неа доминираат екипите кои се дел од НФЛ лигата, а меѓу нив се само четири фудбалски клуба од Европа.


За разлика од 2024 на листата ги нема Манчестер Сити, Баерн и Пари Сен Жермен, а во конкуренција останаа Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Барселона и Ливерпул.


Водечки од фудбалските клубови е мадридски Реал кој е проценет на 6,75 милијарди и се наоѓа на 20. место.


Клубот од „Олд Трафорд“ и покрај резултатската криза се уште високо котира и со проценета вредност од 6,6 милијарди долари и ја дели 24. позиција со НФЛ тимот Тампа Беј.


Зад водечкиот фудбалски двоец е Барселона со сума од 5,65 милијарди е се наоѓа на 42. место.
Ливерпул има драстичен пад и од 27. место сега е 48 со вредност од 5,4 милијарди долари.


На првата позиција е НФЛ тимот Далас Каубојс со проценета вредност од 13 милијарди долари, два повеќе од поранешниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс, а на третото место е Лос Анџелес Ремс (НФЛ), кој е проценет на 10,5 милијарди.


Меѓу оние со најголема вредност се Ф1 тимовите на Ферари (6,5 милијарди), Мерцедес (6 милијарди). На листата доминираат тимови од НФЛ и меѓу 50 најдобри се дури 30, потоа следува НБА со 12, а по два имаат бејзбол лигата во САД, Формула 1, Ла Лига и Премиер лига.


Според „Форбс“ вкупната вредност на водечките 50 спортски организации изнесува 353 милијарди долари што е за 22 проценти повеќе во однос на 2024 година.


Како главна причина за растот на вредноста на тимовите се смета драстичното зголемување на приходите од продажбата на медиумските права.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови