Вилијам Салиба официјално го продолжи својот договор со Арсенал, и ќе остане во клубот до 2030 година. 24-годишниот француски дефанзивец е дел од тимот на „Емирати“ од 2019 година и досега забележа 140 настапи во сите натпреварувања. Иако Реал Мадрид покажуваше интерес за него, новиот договор ја обезбедува стабилноста на клубот и иднината на еден од столбовите во одбраната на тимот на Микел Артета.
„Вилијам е омилен меѓу играчите и персоналот, што многу зборува за неговиот карактер, посветеност и одговорност. Од моментот кога дојде, тој напредува многу, презема одговорност и создаде силна врска со навивачите и со сите во клубот. Знаеме дека има уште многу да даде, и заедно ќе продолжиме да се развиваме со цел да освојуваме големи трофеи“, истакна Артета.
Самото Салиба рече дека е горд и среќен што го продолжи договорот.
„Се гордеам што потпишав првпат во 2019, а сега во 2025 продолжувам да бидам тука и да го продолжам договорот. Се чувствувам како дома. Имаме одличен тим, квалитетен состав и стручен штаб. Артета е совршен менаџер за мене, па ова е најдоброто место каде можам да бидам. Секој ден кога го носам овој дрес е уживање, давам сè од себе и сега ќе давам уште повеќе за клубот и навивачите.“
Следниот клучен играч што Арсенал планира да го врзе со нов договор е Букајо Сака.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска













