Connect with us

Салиба играл на Мундијалот со фрактура на грбот

Францускиот репрезентативец Вилијам Салиба настапувал на Светското првенство 2026 со фрактура на грбот, открива француското радио „Монте Карло“.

Стоперот на Арсенал беше принудно заменет уште во 30. минута од полуфиналниот натпревар против Шпанија, кој „триколорите“ го загубија со 2-0, а причината била сериозната повреда со која настапувал во текот на целиот турнир.

Според информациите, не станува збор за нова повреда. Салиба ја заработил фрактурата на грбот пред околу два месеци на натпревар од Премиер лигата, но по консултации со лекарите било одлучено да го одложи лекувањето до завршувањето на Мундијалот.

Во текот на Светското првенство, 25-годишниот дефанзивец играл со силни инјекции против болка и бил под постојан надзор на медицинскиот тим на Франција. Поради проблемите со грбот, тој не учествувал на сите тренинзи, а имал и специјално адаптирана програма за подготовка и опоравување.

Сепак, неговото тело не издржа до крај, па мораше предвреме да го напушти теренот во полуфиналето против Шпанија.

Салиба веќе ги минал неопходните лекарски прегледи, а во наредните денови ќе биде донесена конечната одлука дали ќе мора да оди на операција или повредата ќе се третира со конзервативна терапија. Засега не е познато колку долго ќе паузира од фудбалските терени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови