Фудбалерите на Египет го победија тимот на Јужна Африка со 1-0 во Агадир, во натпреварот од второто коло на групата Б на Африканскиот куп на нации. Фараоните повторно имаа проблеми да ја оправдаат улогата на фаворит, но по победата над Зимбабве, успеаа да го надиграат и тимот на Јужна Африка, кој имаше играч повеќе во целото второ полувреме.
Почетокот на натпреварот не донесе многу возбудувања, првата шанса се појави кога Мармуш шутираше покрај голот на Јужна Африка. Сè укажуваше дека првото полувреме ќе заврши без промена на резултатот, се додека во 43. минута Мудау несмасно го удри Салах во својот казнен простор. Судија Ендабихавенијамана го чекаше сигналот од ВАР-собата и досуди пенал за Египет. Напаѓачот на Ливерпул беше сигурен од белата точка во 45. минута, постигнувајќи гол со „паненка“.
🇪🇬Egypt 1 – 0 South Africa🇿🇦
— Jean Yves Adams🇨🇮🇳🇬🇬🇭 (@JeanYvesAdams1) December 26, 2025
Egypt take the lead just before halftime after Mohamed Salah converts a penalty, breaking a long goalless spell. pic.twitter.com/iuBsnUGm74
Меѓутоа, радоста на тимот на Хосам Хасан не траеше долго, бидејќи Мохамед Хани заработи исклучување во последните моменти од првото полувреме. Второто полувреме протече со теренска, но неуспешна иницијатива на Јужна Африка. Африканците се закануваа преку Мокоене, Мудау и подоцна Модиба, но ударите им беа лесно сопрени од Ел Шенави.
Голманот на Ал-Ахли се истакна и во продолжението, кога навремено реагираше пред Мудау и го спречи да има стопроцентна шанса по корнер.
Големи контроверзи ќе предизвика одлуката на судијата од Бурунди да не досуди пенал за Јужна Африка, и покрај тоа што топката го удри во рака Ибрахим во казнениот простор на Египет. На крајот, Египет се извлече и забележа победа која, со шест освоени поени од првите две кола, го води во следната рунда на АКН.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













