Connect with us

Салах: Сигурно останувам во Ливерпул и следната сезона

Египетската ѕвезда на Мохамед Салах, изјави дека сигурно останува на „Енфилд“ и следната сезона. Напаѓачот на Ливерпул потенцира дека моментно не е фокусиран на договорот со Ливерпул кој има важност до 2023 година, туку на финалето на Лигата на шампионите.


„Не сакам да зборувам за тоа сега. Само сакам да го видам Хендо (Џордан Хендерсон) со трофејот. Сега воопшто не размислувам за договорот. Не сакам да бидам себичен. Дефинитивно останувам следната сезона“, изјави Мохамед Салах.

Ливерпул в сабота ќе игра против Реал Мадрид во финалето на ЛШ, на „Сент Дени“ во Париз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови