Капитенот на Египет, Мохамед Салах, тешко го прифати драматичниот пораз од Аргентина (3-2) во осминафиналето на Светското првенство, откако неговата репрезентација испушти предност од два гола.
По натпреварот, Салах беше незадоволен од судењето на Французинот Франсоа Летексије, посебно од ситуацијата во која Египет бараше пенал.
„Му реков да се врати и да ја погледне снимката, бидејќи тоа беше чист пенал. Но, тој само одмавна со раката и ми рече: „Не, тоа не е прекршок“, изјави Салах.
Египетскиот капитен се осврна и на поништениот втор гол на неговата селекција.
„Иронично е што тоа беше сосема идентична ситуација со онаа поради која ни беше поништен вториот гол. Во тој момент знаев дека натпреварот го загубивме поради судијата. Во такви околности не можете да направите ништо. Да беше судењето фер, ќе победевме“, порача Салах.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













