Кумановскиот прволигаш Башкими се наоѓа во серија од три кола без триумф, вклучувајќи ги и двата болни порази на домашен терен од Шкендија Арачиново и Силекс. Проблемот за шефот на стручниот штаб, Муарем Муарем, пред сè останува немоќта во нападот, Башкими целосно затаи и нема постигнато ниту еден погодок пред сопствената публика на последните два меча.
Следна пречка на патот кон закрепнување е составот на Арсими, екипа која исто така е во резултатска криза и не знае за победа во изминатите седум рунди од елитата.
„Дуелот против Арсими е пресуден за нас. Дојде моментот да се вратиме на победите и да ја прекинеме оваа негативна серија. Ги повикувам нашите верни навивачи да ги исполнат трибините, да ни дадат ветар во грб и заедно да стигнеме до трите бода“, порача во својата изјава Енсар Саити.
Историјата и меѓусебната традиција одат во прилог на Арсими, кој има скор од шест победи во досегашните 12 пресметки, додека Башкими славел само трипати, додека три дуели завршиле без победник.
Борбата за бодови меѓу Башкими и Арсими ќе се одигра на кумановскиот стадион со почеток во 14:00 часот, додека правдата на теренот ќе ја дели главниот судија Јован Качевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













