Една од најголемите фудбалски приказни ова лето конечно доби разврска.
Навивачите на Ливерпул имаат причина за задоволство, бидејќи Мохамед Салах сепак ќе остане на „Енфилд“, иако во изминатите недели сè погласно се шпекулираше за негово заминување.
Египетскиот репрезентативец беше блиску до разделба со клубот, а бројни медиуми тврдеа дека неговото заминување е речиси неизбежно.
Сепак, ситуацијата целосно се промени по неочекуваните случувања во таборот на „црвените“.
Заминувањето на Арне Слот влијаеше врз многу планови во клубот и отвори можност за нов развој на настаните околу иднината на една од најголемите ѕвезди на тимот.
Раководството на Ливерпул веднаш реагирало и започнало интензивни разговори со агентот на Салах, Рами Абас Иса.
Токму тие преговори донеле целосен пресврт, а двете страни успеале да најдат заеднички јазик.
Според информациите на новинарот Пол Џојс, Салах донел конечна одлука да ја продолжи кариерата во дресот на славниот англиски клуб.
Со тоа завршува повеќемесечната неизвесност околу неговиот статус.
Салах, според истите информации, ѝ кажал „да“ на управата на Ливерпул и решил да остане верен на клубот.
Тоа значи дека ќе го одработи до крајот својот претходно продолжен договор и ќе продолжи да го предводи нападот на тимот.
Неговото останување претставува огромно засилување за екипата, но и важна порака за навивачите кои стравуваа од разделба со клупската легенда.
Во текот на годините, Салах прерасна во еден од најзначајните играчи во модерната историја на Ливерпул, а со своите голови, асистенции и освоени трофеи стекна култен статус меѓу навивачите.
Токму затоа веста за неговото останување предизвика големо воодушевување кај приврзаниците на клубот, кои посакуваа ваков епилог.
По бројните шпекулации и различни сценарија, сагата е завршена, а Мохамед Салах и во наредниот период ќе го носи дресот на Ливерпул.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













