Садио Мане официјално стави крај на репрезентативната кариера, затворајќи едно од најуспешните поглавја во историјата на сенегалскиот фудбал.
Искусниот напаѓач одлуката ја објави неколку дена по завршувањето на настапот на Сенегал на Светското првенство 2026. „Лавовите од Теранга“ беа елиминирани во осминафиналето по поразот од Белгија со 3-2 по продолженијата, а токму тој натпревар се покажа како последен за Мане во националниот дрес.
Мане се прости од репрезентацијата со емотивна порака, во која им се заблагодари на навивачите за огромната поддршка низ годините.
„Секогаш го давав максимумот за мојата земја и со гордост го носев дресот на Сенегал. Благодарност до сите навивачи кои беа со мене во текот на целата кариера“, порача искусниот фудбалер.
Мане за Сенегал дебитираше во 2012 година, а својата репрезентативна приказна ја завршува со 130 настапи. Повеќе од една деценија беше еден од симболите на националниот тим и еден од најзаслужните за најголемите успеси на сенегалскиот фудбал.
Најголемиот момент во неговата репрезентативна кариера дојде во 2021 година, кога Сенегал за првпат во историјата го освои Африканскиот куп на нации, а Мане беше еден од клучните играчи во тој историски успех.
Иако повеќе нема да настапува за националниот тим, Мане откри дека сака своето огромно искуство да му го пренесе на сенегалскиот фудбал во иднина. Тој не ја исклучува можноста да работи како тренер, член на стручен штаб или во некоја раководна улога.
На клупски план нема промени – искусниот напаѓач останува фудбалер на Ал-Наср, со кој има договор до 2027 година.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













