Connect with us

Садио Мане го одведе Сенегал во финалето на Африканскиот куп на нации (ВИДЕО)

Сенегал обезбеди пласман во финалето на Африканскиот куп на нации, откако во Танжер минимално го совлада Египет со 1-0.

Во пресметката меѓу поранешните соиграчи од Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах, човек на одлука беше токму капитенот на Сенегал, кој со одличен удар во 78. минута го реши натпреварот во корист на својот тим.

Првиот дел од играта не понуди многу возбудувања. Иако Сенегал доминираше во поседот на топката, не успеваше да ја пробие добро поставената одбрана на Египет, кој делуваше многу дисциплинирано.

Првата вистинска закана по еден од головите дојде на стартот од второто полувреме, кога Камара се обиде со удар, но Ел Шенави лесно интервенираше.

Сенегалците трпеливо ја градеа својата игра околу шеснаесетникот на Египет, сè додека не ја дочекаа вистинската прилика. Таа се појави во 78. минута, кога по еден одбиток топката стигна до Садио Мане, кој од околу дваесетина метри погоди прецизно и донесе водство.

По примениот гол, Египет тргна во целосна офанзива, а најдобра шанса имаше Мармуш, кој шутираше директно во рацете на голманот Менди.

Салах и неговите соиграчи не успеаја да направат поголем притисок, па Сенегал заслужено стигна до финалето и ќе се бори за шампионската титула.

Во мечот за трофејот Сенегал ќе игра против победникот од дуелот меѓу Мароко и Нигерија, додека Египет ќе се соочи со поразениот во натпреварот за третото место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови