Connect with us

Сѐ е договорено: Антоан Семењо прави трансфер во Манчестер Сити

Антоан Семењо е ново засилување на Манчестер Сити, откако клубот ги договори деталите за трансферот со Борнмут. Договорот е постигнат, и фудбалерот во продолжението на сезоната ќе го носи дресот на „граѓаните“.

Цената на трансферот изнесува 75 милиони евра, а зделката ќе биде официјализирана во четврток, кога играчот ќе ги помине лекарските прегледи.

Поранешниот фудбалер на Борнмут ќе потпише долгорочен договор со Манчестер Сити.

Семењо го избра проектот на Сити пред останатите заинтересирани клубови исклучиво поради Пеп Гвардиола, бидејќи сака да работи под водство на шпанскиот менаџер. За него исто така беа заинтересирани Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови