Фудбалската репрезентација на Русија ја посакува Македонија како идеален ривал во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Јасно е дека нашиот национален тим има најслаб коефициент според ранкингот на ФИФА, па Русите, кои се меѓу носителите, би сакале да ја добијат Македонија за прв противник.
Според нивната идеална комбинација, Шкотска и Турција се селекциите кои би требало да играат во второто полуфинале и победникот да го имаат за последна пречка на патот кон мундијалот во Катар.
Ако Македонија е најпосакуван, тогаш селекцијата на Полска предводена од Роберт Левандовски е најмалку посакуваниот ривал за Русија од неносителите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski