Connect with us

Руни го исполни ветувањето: Веслаше по реката Мерси откако Норвешка го шокираше Бразил (ВИДЕО)

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Вејн Руни, покажа дека е човек од збор и го исполни ветувањето дадено за време на Светското првенство 2026.

Руни претходно изјави дека ќе седне во чамец и ќе весла по реката Мерси доколку Норвешка успее да го елиминира Бразил и да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот. Иако тогаш многумина сметаа дека шансите за такво нешто се минимални, Норвежаните направија големо изненадување и славеа со 2-1 против „кариоките“.

По победата, Руни немаше избор освен да го исполни ветувањето, а целата акција беше снимена и објавена од „Би-Би-Си Спорт“.

Ветувањето на легендарниот напаѓач падна по натпреварот од осминафиналето, кога по триумфот на Норвешка против Брегот на Слоновата Коска, Руни беше скептичен за шансите на тимот предводен од Ерлинг Халанд.

„Ако Норвешка стигне до четвртфиналето, ќе седнам во чамец и ќе веслам по реката Мерси“, изјави тогаш Руни.

Сепак, Норвешка приреди сензација и го елиминираше Бразил, а пред четвртфиналниот дуел против Англија, Ерлинг Халанд не ја пропушти можноста да го потсети Руни на неговите зборови.

„Со нетрпение очекувам да го видам Вејн. Тој рече дека ќе весла ако стигнеме до четвртфиналето. Затоа, Вејн Руни, очекувам да почнеш со веслање“, порача Халанд.

Руни на крајот го исполни ветувањето, а со тоа уште еднаш покажа дека и покрај големото ривалство на теренот, фудбалските легенди знаат да останат верни на својот збор и да прифатат шега на своја сметка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови