Одбранбениот играч на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, размислува за операција. Германскиот дефанзивец има проблем со коленото, кој може да се реши само со хируршка интервенција.
Во последно време, искусниот дефанзивец не успеваше целосно да го покаже својот потенцијал токму поради оваа повреда.
Се очекуваше Рудигер да оди на операција по завршувањето на сезоната, но тоа може да се случи и порано.
Како што е познато, Германецот се соочува со закана од сериозна казна. Рудигер си дозволи да фрли предмет кон главниот судија на финалето на Купот на кралот против Барселона.
Според шпанските медиуми, Рудигер ќе биде строго казнет, а санкцијата би можела да биде суспензија од 4 до 12 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal













