Антонио Рудигер (32), дефанзивецот на Реал Мадрид и германската репрезентација, успешно е опериран поради делумно искинат надворешен менискус на левата нога. Како што соопшти клубот, тој наскоро ќе започне со процесот на рехабилитација. Сепак, тоа значи дека сезоната за него е завршена, бидејќи враќањето на теренот се очекува за околу два месеца. Во најдобар случај, би можел да биде подготвен за втората фаза од Клупското светско првенство, кое започнува во јуни и трае до јули.
Реал Мадрид ќе мора да се справи без еден од своите најважни играчи во завршницата на Ла Лига, каде што пет кола пред крај ја брка водечката Барселона, која има четири поени предност. Клучниот натпревар – Ел Класико во Барселона – би можел да биде одлучувачки за титулата, но Реал ќе мора да игра без Рудигер, кој се повреди токму на дуелот против Барса.
Во саботното финале од Купот на кралот, Рудигер беше заменет во продолженијата поради повредата, а веднаш потоа беше и опериран. Освен поради поразот од 3-2 од Барселона, натпреварот ќе го памети и по тоа што по замената доби директен црвен картон поради агресивна реакција кон судијата.
Рудигер пристигна во Реал Мадрид во летото 2022 од Челси како слободен агент. Оттогаш има одиграно 151 натпревар и постигнато седум голови. Со клубот има освоено по една титула во Ла Лига, Лигата на шампионите, Купот на кралот и Светското клупско првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













