Менаџерот на Челси, Лијам Росениор, остро ги критикуваше своите фудбалери по поразот од 0-3 на гостувањето кај Брајтон.
„Прашањата упатете ги до играчите. Без разлика дали играш за врвен клуб или за било кој друг, недозволиво е да бидеш обвинет дека си се предал. Тоа е сè што ќе кажам. Болно ми е. Изненаден сум, затоа што вакво нешто не ги одразува ниту моите принципи, ниту оние на клубот. Тоа мора да се промени“, започна Росениор.
Тој додаде дека не сака да навлегува во детали околу слабата физичка подготвеност на тимот и податокот дека Челси е меѓу најлошите во Премиер – лигата според истрчана дистанца.
„Имам свои мисли и чувства. Веќе зборував детално за тоа што мора да се случува во овој клуб, без разлика кој е тренер, за да се врати таму каде што припаѓа“, изјави тој.
„Не станува збор за мене, туку за овој клуб. Челси симболизира борба, волја и решителност. А овојпат тоа целосно недостасуваше во сите линии“, заклучи Росениор.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













