Челси официјално објави дека се разделува со Лијам Росениор, откако раководството одлучи да направи тренерска промена по серијата резултати што не ги исполнија очекувањата.
Во соопштението од клубот се наведува дека Росениор и неговиот стручен штаб работеле со висок професионализам и интегритет од моментот на неговото назначување среде сезона, но дека резултатите и перформансите во последниот период не биле на потребното ниво, и покрај тоа што сезоната сè уште е во тек и има за што да се игра.
Челси му се заблагодари за неговиот ангажман и му посака успех во понатамошната кариера, нагласувајќи дека одлуката не била лесна.
До крајот на сезоната, тимот ќе го води Калум Мекфарлејн како привремен тренер, со поддршка од постоечкиот стручен штаб. Целта останува јасна – борба за пласман во Европа и трофеј во ФА купот.
Во Челси во моментов се разгледува профил на потенцијален наследник кој задолжително би морал да има искуство во Премиер – лигата.
Од извори блиски до ситуацијата се посочува дека останува отворено прашањето кој врвен тренер би прифатил да го преземе Челси во актуелните услови, со оглед на тоа што се очекува пофлексибилен, заеднички модел на работа со управата, како и фактот дека клубот најверојатно ќе остане без Лига на шампиони следната сезона.
Во таа конкуренција се споменуваат неколку имиња. Чаби Алонсо моментално е без ангажман и важи за едно од посериозните решенија. Паралелно, Андони Ираола, кој се докажа во Премиер – лигата со Борнмут, веќе најави заминување на крајот од сезоната, што дополнително ја отвора вратата за нов предизвик.
Како трета опција се издвојува и Сеск Фабрегас, кој бележи солидни резултати со Комо и постепено се наметнува како интересна тренерска фигура во подем.
Се очекува Челси внимателно да ја процени ситуацијата пред да донесе одлука, имајќи предвид дека следниот тренер ќе мора да работи во специфичен модел и под зголемен притисок за резултати, без гарантирана европска сцена.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













