
Иднината на Кристиjано Роналдо во Ал-Наср е под знак прашалник, откако преговорите за продолжување на неговиот договор биле ставени на пауза поради лошите резултати на тимот, пишува „Марка“.
Преговорите за евентуално двегодишно продолжување на договорот беа прекинати веднаш по поразот на Ал-Наср со 2-3 од Ал-Итихад во Саудиската Про Лига. Овој пораз следуваше само неколку дена по елиминацијата од Кавасаки Фронтале во полуфиналето на aзиската Лига на шампионите. Овие неуспеси го доведоа во прашање продолжувањето на соработката со 40-годишниот Португалец.
Роналдо, кој премина во Ал-Наср од Манчестер јунајтед во почетокот на 2023 година, стана симбол на Саудиското првенство. Сепак, уште една сезона без освојување на титули го разочараше. Според „Марка“, тој очекувал да потпише нов договор, но сега се сомнева во својата иднина во клубот. Раководството на Ал-Наср исто така не ја исклучува можноста за раскин на договорот.
Може да се случи Роналдо да премине во друг саудиски клуб, што ја прави неговата ситуација уште понеизвесна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
