Connect with us

Роналдо остана без мундијалски трофеј: Микел Мерино ја протна Шпанија во четвртфиналето на СП (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Шпанија обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, откако во Арлингтон ја совлада Португалија со минимални 1-0 благодарение на голот на Микел Мерино во судиското продолжение.

Двете репрезентации одиграа квалитетен и динамичен натпревар, исполнет со шанси на двете страни. И Шпанците и Португалците создаваа опасни ситуации пред противничките голови, но голманите долго време успешно ги чуваа своите мрежи.

Кога се чинеше дека мечот ќе оди во продолженија, Луис де ла Фуенте погоди со измените. Феран Торес испрати одлична асистенција до Микел Мерино, кој во 91. минута остана смирен го совлада Диого Кошта за голема радост на „црвената фурија“.

Португалија имаше свои можности да го промени текот на натпреварот, но Унаи Симон беше сигурен меѓу стативите и не дозволи израмнување.

Со овој пораз згасна и последната надеж на Кристијано Роналдо да ја освои единствената голема титула што недостасува во неговата богата кариера. Легендарниот напаѓач претходно најави дека Мундијалот во 2026 година ќе биде негов последен настап на Светско првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови