Фудбалската репрезентација на Португалија денеска го одработи последниот тренинг на домашно тло пред заминувањето за САД, каде што ќе настапи на претстојното Светско првенство 2026.
По тренингот следуваше официјално испраќање на националниот тим, а капитенот Кристијано Роналдо ги сподели своите очекувања пред почетокот на мундијалот.
„Знаеме дека Светското првенство секогаш е посебен турнир. Замнуваме со големи надежи и верба во нашите квалитети. Физички се чувствувам одлично. Ги гледавте натпреварите, мислам дека сум во добра форма. Тоа не е никакво изненадување“, изјави Роналдо, кој настапи на двата контролни натпревари што Португалија ги одигра во изминатите денови.
Говорејќи за амбициите на националниот тим, искусниот напаѓач потенцираше дека селекцијата располага со квалитетна генерација способна за големи дострели.
„Ќе знаеме на крајот колку далеку можеме да стигнеме. Имаме многу силна генерација, иако постојат фактори што не можеме да ги контролираме. Сепак, верувам дека оваа генерација ќе му донесе многу радост на португалскиот народ“, додаде Роналдо.
На испраќањето се обрати и селекторот Роберто Мартинез, кој се заблагодари за поддршката што репрезентацијата ја доби за време на подготвителниот период.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката што ни ја дадоа за време на контролните натпревари. Таа енергија беше токму она што ни беше потребно за психолошката подготовка на тимот. Подготвени сме, ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до крај. Замнуваме со куфер полн со соништата на сите Португалци. Имаме голема одговорност, но кога сме обединети, секогаш сме посилни“, порача Мартинез.
Португалија на Светското првенство ќе пристигне како еден од кандидатите за висок пласман, предводена од искусниот Роналдо и генерација која има амбиција да испише нова успешна страница во историјата на португалскиот фудбал.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













