Connect with us

Роналдо незадржлив во Саудиска Арабија: Со хет-трик е на само 15 гола од историската „илјадарка“!

Кристијано Роналдо продолжува да ја поместува границата на фудбалската историја. Португалецот постигна три гола во триумфот на Ал-Наср од 5-3 над Ал-Колуд и направи нов голем чекор кон остварување на својата амбиција – да стигне до 1.000 погодоци во професионалната кариера.

Натпреварот беше неизвесен во првото полувреме, кое заврши со резултат 2-2. Но, во продолжението на сцена стапи капитенот на Ал-Наср, кој со три погодоци ја направи разликата и му донесе победа на својот тим.

Роналдо првпат ја затресе мрежата во 66. минута, кога донесе водство од 3-2. Само шест минути подоцна повторно беше прецизен, искористувајќи ја асистенцијата на Жоао Феликс за 4-2. Конечниот печат на својот блескав настап го стави во 81. минута, комплетирајќи го хет-трикот за 5-2, пред гостите да го ублажат поразот.

Со трите нови гола, Роналдо стигна до бројката од 985 погодоци во кариерата. Сега го делат само 15 гола од историската граница од 1.000, која е неговата голема цел во завршната фаза од кариерата.

На 41 година, португалскиот ас и понатаму демонстрира извонреден голгетерски инстинкт, а секој негов следен погодок го приближува до остварување на подвиг што ретко кој можел да го замисли.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови