Сензационална победа оствари Кавасаки Фронтале во полуфиналето на азиската Лига на шампиони. Јапонскиот клуб успеа да го елиминира фаворизираниот Ал-Наср, предводен од Кристијано Роналдо и Садио Мане, со 2-3 на гостински терен во Ријад.
Победата е уште поимпресивна ако се земе предвид квалитетот и инвестициите во тимот на Ал-Наср.
Кавасаки не само што прикажа храбра и дисциплинирана игра, туку и ја искористи секоја шанса. Головите на Ито, Озеки и Иенага ја донесоа најголемата победа во поновата историја на клубот и им обезбедија пласман во големото финале.
Финалниот меч против Ал-Ахли ветува уште една фудбалска драма, особено интересна и за нас со оглед дека во Ал-Ахли игра и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, кој ќе има шанса да се бори за титула во едно од најпрестижните азиски натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













