Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо Назарио смета дека настапот на Кристијано Роналдо на Светското првенство 2026 е доказ колку е силна неговата желба за натпреварување, но и дека португалската ѕвезда веќе води битка со сопственото тело.
Во емисијата на „ЕСПН Бразил“, популарниот Феномен истакна дека и Кристијано Роналдо и Нејмар стигнале до момент кога физичките ограничувања стануваат посилни од желбата да се игра на највисоко ниво.
„Телото секогаш испраќа сигнали кога веќе не може да го следи темпото. Мислам дека и Кристијано и Нејмар стигнаа до таа точка, каде што мора да се направи компромис меѓу желбата и физичките можности. Битката против сопственото тело е една од најтешките што може да ја води еден спортист“, изјави Роналдо.
Бразилската легенда нагласи дека португалскиот капитен и понатаму поседува квалитет да настапува во шампионатот на Саудиска Арабија, но смета дека барањата на Светското првенство се на сосема поинакво ниво.
„Можеби сè уште има квалитет за лигата во Саудиска Арабија, но Светското првенство е нешто сосема друго. Таму интензитетот и квалитетот се многу повисоки“, додаде Феноменот.
На крајот, Роналдо Назарио порача дека секој голем фудбалер во еден момент мора да се соочи со реалноста.
„Сите ја сакаме играта и би сакале да играме засекогаш. Но, на крајот телото е тоа што ја носи конечната одлука. Денес не играм фудбал не затоа што немам желба, туку затоа што моето тело повеќе не може да го следи она што го бара мојата глава“, заклучи легендарниот Бразилец.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













