Connect with us

„Роналдо ќе се врати да игра во Европа“

Tренерот на Ал-Наср, Руди Гарсија, изјави дека легендарниот Португалец, Кристијано Роналдо, нема да ја заврши кариерата во овој клуб. Тој неодамна го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот, откако саудискиот клуб Ал-Наср ќе му плаќа 200 милиони евра по сезона во следните 2,5 години.


„Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот. Дефинитивно нема да ја заврши кариерата во Ал-Наср. Сигурен сум дека ќе се врати во Европа”, изјави тренерот на саудискиот клуб, Руди Гарсија.


Францускиот стручњак е убеден дека Кристијано ќе се врати во Европа и покрај тоа што за неколку дена ќе го прослави својот 38. роденден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови