Кристијано Роналдо и Георгина Родригез официјално ја крунисаа својата љубов со веренички прстен, што таа го потврди и со објава на Инстаграм.
Португалската фудбалска ѕвезда и неговата партнерка се заедно од 2016 година, а имаат две ќерки — Алана (8) и Бела (2). Покрај нив, се родители и на близнаците Матео и Ева (7), кои се родени преку сурогат мајка.
Иако долго време живеат во хармонија и се сметаат за една од најстабилните спортски двојки, нивниот однос до сега не беше официјално формализиран. Георгина повеќепати кажала дека без размислување би прифатила брак со Роналдо, а сега тоа конечно и се случи.
На својот Инстаграм профил, таа сподели слика од впечатлив веренички прстен со голем дијамант, придружена со пораката:
„Да, прифаќам. Во овој и во сите мои животи.“
Покрај децата што ги имаат заедно, Роналдо е и татко на 15-годишниот Кристијано јуниор, кој веќе тргнува по патот на својот татко во фудбалот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













