Фудбалски земјотрес во Абу Даби! Ал-Аин приреди сензација уште на стартот од азиската Лига на шампионите, откако со неверојатни 4-0 го декласира Ал-Наср и му нанесе тежок пораз на тимот предводен од Кристијано Роналдо.
Домаќинот одигра фантастичен натпревар и во ниту еден момент не му дозволи на саудискиот гигант да ја преземе контролата.
Првиот гол стигна во 24. минута. Хусеин Рахими ја искористи грешката во одбраната на гостите и го доведе Ал-Аин во водство.
Ал-Наср не успеа да возврати, а по паузата следуваше целосен распад на фаворитот. Рахими повторно се запиша во листата на стрелците во 63. минута за 2-0, а само девет минути подоцна Софијан Рахими зголеми на убедливи 3-0.
Точка на големиот триумф стави Јоргос Јакумакис во 85. минута, кога ги постави конечните 4-0.
Кристијано Роналдо беше целосно неутрализиран. Португалската суперѕвезда не успеа да направи разлика, а Ал-Наср во текот на целиот натпревар не најде решение за одлично организираната одбрана на домаќинот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













