Connect with us

Роналдо го одбил Бекам за трансфер во Интер Мајами

Кристијано Роналдо ја одби понудата на легендата на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, да направи трансфер во Интер Мајами. Англичанецот пред извесно време ја сподели јавно намерата дека ќе се обиде да го убеди својот добар пријател да замине во САД, но очигледно за CR7 се уште не е дојдено време за таков чекор.


Во последните неколку дена, шпекулациите за иднината на Роналдо се слеваат една по друга. Се зборува дека Португалецот е крајно незадоволен од начинот на кој се развива тимот и почнува да губи надеж дека „црвените ѓаволи“ ќе имаат способен тим за следната сезона. Токму поради оваа причина се појавија гласини дека Жорге Мендеш им го предложил Роналдо на Баерн Минхен и на Рома, а минатата недела агентот разговарал и со новиот сопственик на Челси, Тод Боли.

На „Олд Трафорд“ дефинитивно немаат намера да се разделат со Кристијано Роналдо, а денеска медиумите на Островот тврдат дека Ерик тен Хаг дури ќе му ја додели капитенската лента на Португалецот за следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови