Connect with us

Роналдо е во очај, сака да се врати во Реал Мадрид

Кристијано Роналдо е очаен во Јувентус, посебно по елиминацијата од Лигата на шампионите за која тој е посочен како „главен виновник“. Според најавите од Италија, тој е ставен на трансфер – листа, а неговиот агент Жорге Мендеш веќе преговара за враќање во Реал Мадрид.


Роналдо не се раздели најдобро со Флорентино Перез при заминувањето во Торино, но тие се уште имаат добри бизнис релации и Португалецот би можел да се врати доколку Реал Мадрид процени дека тоа е добра зделка. Сепак, мора да се има в предвид фактот и дека Роналдо веќе има 36 години.


Медиумите во Италија го прогласија Кристијано Роналдо за главен виновник за елиминацијата, го распнаа затоа што се исплаши од топката во живиот ѕид и дозволи Порто да постигне гол што беше кобен за Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови