Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, заработи 260 милиони долари и стана најплатениот спортист за 2024 година, објави „Спортико“. Според изворот, петкратниот освојувач на „Златната топка“ инкасирал 215 милиони долари од договорот со саудискиот клуб, додека дополнителни 45 милиони долари дошле од рекламни зделки.
Кошаркарската ѕвезда на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, се наоѓа на второто место со 153,8 милиони долари, додека на третата позиција е боксерот Тајсон Фјури, кој во 2024 година заработил 147 милиони долари.
Напаѓачот на Интер Мајами и долгогодишен ривал на Роналдо, Лионел Меси, е на четвртото место со годишна плата од 135 милиони долари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













