Connect with us

Ромеро доаѓа во Интер за 40 милиони евра

Кристијан Ромеро ја напушта Премиер-лигата и се сели во Серија А. Аргентинскиот репрезентативец ќе стане нов фудбалер на Интер, откако „нероаѕурите“ постигнале договор со Тотенхем за трансфер вреден 40 милиони евра, објавуваат италијанските медиуми.

Трансферот следува по контроверзијата што ја одбележа завршницата на Светското првенство 2026. По триумфот на Аргентина над Англија (2-1) во полуфиналето, Ромеро заедно со неколку репрезентативни соиграчи позираше со транспарент со натпис „Малвините се Аргентина“, алузија на долгогодишниот територијален спор меѓу Аргентина и Велика Британија околу Фолкландските (Малвински) Острови.

Пораката предизвика силни реакции во Англија, каде дел од јавноста побара аргентинските фудбалери кои настапуваат во Премиер-лигата да не се вратат во тамошното првенство.

Во меѓувреме, Интер ја искористил ситуацијата и брзо го финализирал договорот со Тотнем. Ромеро ќе биде второто звучно засилување во одбраната ова лето, откако претходно како слободен агент пристигна Џон Стоунс по истекот на договорот со Манчестер Сити.

Со неговото доаѓање, тренерот на Интер ќе добие уште една врвна опција во дефанзивната линија, каде веќе се наоѓаат Стоунс, Алесандро Бастони, Мануел Аканџи и Јан Бисек, во препознатливиот систем со тројца централни дефанзивци.

Ромеро беше еден од клучните играчи на Аргентина на Светското првенство, а во полуфиналниот дуел со Англија ги одигра сите 90 минути и беше единствениот стопер на „гаучосите“ кој остана на теренот до последниот судиски свиреж.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови