Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку ќе го напушти Интер по завршувањето на сезоната, а Интер ќе добие 100 милиони евра. Во мегатрансфер што го најавува шпанскиот медиум „Дон Балон“, Лукаку треба да биде новото големо засилување на Реал Мадрид.
Ниту Килијан Мбапе, кој најверојатно ќе остане во ПСЖ, ниту Ерлинг Халанд, кој по најново се поврзува со трансфер во Челси, нема да ја засилат навалната линија на „кралскиот клуб“, туку Флорентино Перез и Зинедин Зидан го сакаат Ромелу Лукаку. За тоа се подготвени да платат 100 милиони евра.
Реал Мадрид планира да го продаде и Карим Бензема, за сума од околу 35 милиони евра, но и неколку други фудбалери, од кои ќе се собере адекватна сума за ангажманот на Ромелу Лукаку.
Белгиецот има договор со Интер до јуни 2024 година, а раководството на „нероаѕурите“ има одредени финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирусот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













