Рома оствари сигурна победа од 3-0 над Кремонезе во последниот натпревар од 26. коло во Серија А, a отпорот на гостите беше скршен дури во второто полувреме на „Олимпико“.
Во првиот дел „волчицата“ доминираше во поседот, но тешко наоѓаше простор против дисциплинираната и компактна одбрана на Кремонезе. Домаќините трпеливо ја градеа играта, но мрежите мируваа до истекот на првиот час.
Триумфот на Рома го најави Брајан Кристанте, кој со прецизен удар во 61. минута ја отвори серијата и ја симна психолошката бариера од грбот на римјаните. Самодовербата порасна, па во 77. минута Еван Ндика ја удвои предноста по одлично поставување во шеснаесетникот.
Кремонезе имаше свои моменти – Варди излезе сам пред Миле Свилар, но голманот на Рома беше сигурен, а потоа и Торнсби не ја искористи својата шанса. Казната стигна во 86. минута кога младиот Николо Писили ја завери победата за конечни 3-0.
Со новите три бода, Рома се израмни со Наполи на третото место со 50 бодови, четири повеќе од Јувентус. Следува директна пресметка со „старата дама“, дуел што може сериозно да ја одреди битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













