Connect with us

Рома сака да го врати Мохамед Салах во Серија А

Мохамед Салах повторно се најде во центарот на бурни шпекулации околу својата иднина во Ливерпул. Египетската суперѕвезда нема да игра за „црвените“ на вечерашниот дуел со Интер во Лигата на шампионите, а се погласни се шпекулациите дека во јануари би можел да си замине од „Енфилд“.

Последните недели беа тежок период за Салах. Во три последовни натпревари доби шанса само еднаш – како резервен играч, додека на другите два меча остана на клупата. Оттука и неговото јавно разочарување по ремито со Лидс (3-3), кое ја разбуди јавноста на Островот.

„Не ми е јасно зошто се случува ова со мене. Направив сè за овој клуб, а сега се чувствувам како да ме обвинуваат за сè. Многу сум разочаран“, изјави Салах, откривајќи ја фрустрацијата што ја чувствува веќе подолго време.

Во меѓувреме, вниманието на европските клубови е на „Енфилд“. Италијанската Рома, клуб од каде Салах го започна својот пат кон Ливерпул во 2017 година, ја следи ситуацијата и е спремна да го врати на „Олимпико“. Според медиумите, постои начелен договор помеѓу страните, а тренерот Џанпјеро Гасперини е решен да го доведе Салах.

Сега пред Ливерпул се поставува големо прашање: како ќе се справат со несогласувањата со својата најголема ѕвезда и дали ќе успеат да ја задржат во тимот до летото, или ќе го отворат патот за нова поголема промена на трансфер-пазарот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови