Рома е на прагот на значајни финансиски промени кои ќе влијаат врз иднината на дел од водечките фудбалери во тимот. Според информациите на „Газета дело Спорт“, управата на „џалоросите“ има цел да ги намали трошоците за плати на околу 60 проценти од клупските приходи. Ова практично значи дека Пауло Дибала и Лоренцо Пелегрини ќе треба да се согласат на пониски финансиски услови ако сакаат да ја продолжат кариерата на „Олимпико“.
Договорите на двајцата истекуваат на крајот на јуни, а клубот е јасен дека продолжување е можно само со значително намалување на нивните примања. Финансискиот советник на Рома, Клаудио Раниери, веќе јавно изјави дека едно од главните цели во стратегијата за следната сезона е сериозно намалување на фондот за плати.
Според изданието, Пелегрини моментно заработува околу 7 милиони евра годишно, вклучувајќи лесно достапни бонуси, додека Дибала треба да добие околу 8,5 милиони евра во последната сезона од својот договор, плус дополнителни бонуси.
Слична неизвесност за иднината имаат и Зеки Челик и Стефан Ел Шарави, чиј договор истекува по завршувањето на сезоната. Според „Газета“, шансите за нов договор со турскиот репрезентативец се минимални, бидејќи тој инсистирал на двојно зголемување на сегашната плата од 2 милиони евра годишно. И кај Ел Шарави ситуацијата останува отворена, при што италијанскиот фудбалер во моментов зема околу 2,5 милиони евра годишно.
За разлика од нив, Рома веќе го обезбеди продолжувањето на договорите на Џанлука Манчини и Брајан Кристанте, кои ќе останат во клубот барем до летото 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













