Рома стигна до драматична победа од 2-3 на гостувањето кај Парма во 36. коло од Серија А и остана во игра за место во Лига на шампиони.
Тимот на Џанпјеро Гасперини до 94. минута беше на работ на пораз, но со неверојатен пресврт во судиското продолжение успеа да стигне до три бода.
Рома поведе во 22. минута, кога Дониел Мален по асистенција на Пауло Дибала рутински ја затресе мрежата на домаќините.
Парма израмни веднаш по паузата преку Габриел Стрефеца, кој прецизно стрелаше од работ на шеснаесетникот. Домаќините потоа стигнаа и до целосен пресврт во 87. минута, кога Мандела Кеита погоди по додавањето на Матијас Естевез за 2-1.
Кога изгледаше дека Рома ќе остане без победа, во 94. минута се појави Девајн Ренш и израмни на 2-2. Драмата продолжи и во 98. минута, кога токму Ренш беше соборен во казнениот простор, а по ВАР проверка беше досуден пенал за римскиот тим.
Одговорноста повторно ја презеде Мален, кој во 101. минута сигурно реализираше за огромна победа на Рома.
Со овој триумф, Рома стигна до 67 бодови и се израмни со Милан на четвртото место, иако „росонерите“ имаат натпревар помалку.
На останатите натпревари, Кремонезе со головите на Џејми Варди, Федерико Бонацоли и Дејвид Окереке ја совлада Пиза со 3-0 и остана во битката за опстанок.
Без голови заврши дуелот меѓу Фиорентина и Џенова.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













