Connect with us

Рома му постави ултиматум на Заниоло

Рома му постави ултиматум на својот играч Николо Заниоло, тврди „Кориере дело Спорт“. Раководството на клубот сака офанзивецот да ја прифати понудата на англискиот Борнмут, која вклучува 30 милиони евра, бонуси и 10% од наредната продажба.


На италијанскиот репрезентативец му било кажано дека ризикува да биде надвор од тимот до крајот на сезоната, доколку не ја прифати понудата. Договорот на Заниоло истекува во 2024 година.

Раководството на „волчицата“ се договорило за продажба на Заниоло во Бурнмут, но играчот повеќе сака да замине во Милан.

„Росонерите“ сепак во оваа фаза не сакаат да дадат иста понуда како онаа на англискиот клуб. Во Милан претпочитаат прво да го земат фудбалерот на позајмица со опција да го купат на лето, но под одредени услови поврзани со неговите настапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови