Рома планира да го искористи јануарскиот трансфер-прозорец на начин што значително ќе ги зголеми шансите на тимот за пласман во зоната на Лига на шампионите. Според „Ла Република“, клупското раководство има сон да го врати во клубот Мохамед Салах.
Голгетерот на Ливерпул имаше несогласување со менаџерот Арне Слот непосредно пред почетокот на Купот на Африканските нации, што предизвика шпекулации дека Египќанецот би можел да биде продаден во јануари.
Салах играше за Рома во периодот 2015–2017 година, по што беше продаден на Ливерпул за 42 милиони евра. Потоа, крилниот напаѓач стана вистинска легенда на „црвените“.
Сепак, идејата на раководството на „волчицата“ изгледа многу тешко остварлива, со оглед на фактот дека Салах на „Енфилд“ заработува 400.000 фунти неделно. Тоа значи дека за шестмесечна позајмица, Рома би требало да плати околу 12 милиони евра само за плати, што италијанскиот клуб тешко може да си го дозволи. Покрај тоа, последните информации велат дека англискиот шампион нема планови да се раздели со „египетскиот крал“ во јануари, особено по повредата на Александер Исак.
Многу пореалистично е Рома да се фокусира на играчи како Џошуа Зиркзе и Џакомо Распадори, за кои исто така покажува интерес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













