Connect with us

Рома и Комо стигнаа до нови победи (ВИДЕО)

Рома и Комо забележаа победи на денешните два натпревари од четвртото коло во Серија А, кои се одиграа во терминот од 18:30 часот.

Рома продолжува со максимален ефект и по четири одиграни натпревари откако го совлада Торино, а повторно еден од најзаслужните за успехот на „волчицата“ беше Дониел Мален, кој го постигна водечкиот гол.

Холанѓанецот се запиша во листата на стрелците во 40. минута. Мален одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и со сигурна реакција го совлада голманот на домаќините.

За Мален ова беше шести првенствен гол сезонава, со што се искачи на врвот на листата на стрелци во Серија А.

Во второто полувреме Рома беше подобар противник, создаваше повеќе прилики и упати поголем број удари кон голот. Сепак, и домашниот тим во неколку наврати успеа да се закани, но не најде начин да ја затресе мрежата.

Конечниот резултат го постави Писили во третата минута од судиското продолжение, ставајќи точка на новата победа на Рома.

Комо славеше со 2-1 против Парма, со головите на Јакобо Рамон и на Каики. Ромеро во 92.минута го постигна погодокот за Парма.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови