Рома е на добар пат да го финализира трансферот на младиот напаѓач Еван Фергусон од Брајтон, откако двата клуба постигнале договор за зделка во форма на заем со опција за откуп, објавува „Скај Спорт Италија“. Според информациите, конечната вредност на трансферот, заедно со бонусите, ќе изнесува околу 38 милиони евра.
Преговорите меѓу клубовите траеле извесно време – почетната понуда на Рома била околу 30 милиони евра, додека англискиот клуб инсистирал на сума поблиска до 40 милиони. На крајот е постигнат компромис што вклучува заем за сезоната 2025/26 и клаузула за откуп што ќе се активира следната година.
Откако е постигнат договорот меѓу клубовите, останува Рома да ги договорат личните услови со 20-годишниот напаѓач од Република Ирска, што не се очекува да биде проблем.
Фергусон ги мина последните шест месеци како позајмен играч во Вест Хем и е дел од системот на Брајтон од 2021 година.
Младиот талент уште претходно бил под радарот на Џанпјеро Гасперини во времето кога тренерот ја водеше Аталанта, па сега, откако Гасперини е кормилар на Рома, се очекува конечно да соработува со напаѓачот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













