Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, ќе биде отсутен од терените најмалку еден месец. Аргентинецот се здоби со повреда на бутниот мускул за време на натпреварот против Калјари викендов, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за истегнување, кое ќе бара подолг период за целосно заздравување, пренесува „Скај Италија“.
Дибала беше на теренот само 13 минути во натпреварот против тимот од Сардинија, пред да биде заменет. Тој влезе во игра во 64. минута на местото на Матијас Суле, но беше принуден брзо да излезе, отстапувајќи му место на Николо Писили.
Првичните стравувања беа дека повторно има проблем со коленото, кое му создаваше проблеми неодамна. Сепак, подоцна беше потврдено дека овојпат станува збор за повреда на бутниот мускул.
Ова значи дека 31-годишниот Аргентинец најрано ќе се врати на теренот средината на април. Така, ќе ги пропушти натпреварите против Лече и Јувентус, а има мала шанса да се опорави навреме за дербито со Лацио на 13 април.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













