Connect with us

Родриго заминува од „Бернабеу“, Реал Мадрид бара 100 милиони евра

Јануари би можел да донесе и голем трансфер на Родриго од Реал Мадрид, а неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги.

Според шпанскиот весник „АС“, Бразилецот Родриго сака да го напушти Реал Мадрид и му е доста од сè во клубот.

Одлуката е донесена од страна на играчот и неговиот татко, кои многу научиле од грешката направена минатото лето, кога решиле Родриго да остане во Реал Мадрид.

Крилниот фудбалер сфатил дека е време да замине во клуб кој навистина ќе го цени и каде ќе има поважна улога.

Родриго сака да замине уште овој јануари, доколку се отвори можност за тоа, но многу зависи и од Реал Мадрид, кој би го продал најрано следното лето.

Сепак, од Реал Мадрид одредиле цена – 100 милиони евра, а пет клубови сериозно се заинтересирани за доведување на Бразилецот.

„Започна трката за Родриго. ПСЖ се смета за единствениот тим кој има финансиска моќ да го донесе. Сепак, и Арсенал, Челси, Ливерпул и Манчестер Сити се заинтересирани. Реал Мадрид ќе разгледа само понуди од околу 100 милиони евра, инаку нема да го продаде“, тврди „АС“.

Во Реал Мадрид веруваат дека Родриго ќе ја заврши сезоната во нивниот дрес, а потоа ќе замине од клубот.

Еден од главните причини зошто сака да си замине е Килијан Мбапе и фактот дека сè во тимот „сѐ се врти“ околу него.

Останува да се види дали некој од клубовите овој јануари ќе одлучи да се обиде да го доведе талентираниот Бразилец во своите редови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови