Connect with us

Родриго израмни неславен рекорд, нема гол на последните 30 натпревари за Реал Мадрид

Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, изедначи негативен рекорд меѓу напаѓачите кои некогаш играле за „кралскиот клуб“.

Родриго не успеа да постигне гол во 30 последовни натпревари, со што го изедначи антирекордот кој досега го држеше Маријано Дијаз.

Последниот гол на Бразилецот беше во март, при победата од 2-1 против Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Од почетокот на актуелната сезона во Ла Лига, Родриго има 12 натпревари и 395 минути на теренот без постигнат гол и без асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови