Реал Мадрид вчера доживеа резултатски шок со поразот од Хетафе, а денеска дојде нов удар со тешката повреда на Родриго. Бразилскиот напаѓач, кој се појави како резерва во натпреварот против Хетафе, ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото. Прогнозата е тешка: најмалку девет месеци пауза, што значи крај на сезоната, пропуштање на Светското првенство и дел од следната клупска кампања.
Листата на отсутни е импресивно долга: покрај Килијан Мбапе и Родриго, повредени се и Џуд Белингем и Едер Милитао. Поради суспензија нема да настапат ни Дин Хаусен и Франко Мастантуоно, додека настапот на Давид Алаба останува под знак прашалник.
Ситуацијата создава сериозна дилема за Арбелоа. Ограничениот избор на играчи значи дека стратегот мора да импровизира, додека „кралевите“ влегуваат во критичен период од сезоната со многу неизвесност и притисок за секој бод. Следат и дуелите со Манчестер Сити во ЛШ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













