Иднината на Родриго во Реал Мадрид е под сериозен знак прашалник, откако новиот тренер, Чаби Алонсо, „не е целосно задоволен“ од настапите на Бразилецот.
Според „Атлетик“, Чаби Алонсо има намера да донесе уште неколку засилувања пред крајот на летниот трансферен период и ќе бара замена за 24-годишниот Родриго доколку тој замине.
Во моментов, Родриго, заедно со својот агент Пини Захави, работи на пронаоѓање нов клуб. Раководството на Реал Мадрид исто така е подготвено да го продаде бразилското крило, но само доколку пристигне доволно добра понуда.
Клубовите од Премиер – лигата, Арсенал и Тотенхем, се споменуваат како потенцијални кандидати за Родриго, бидејќи и двата тима се во потрага по офанзивни засилувања за сезоната 2025/26.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













