Еден од најважните фудбалери во селекцијата на Шпанија, играчот за врска Родри, е категоричен дека тој и неговите соиграчи го одиграа еден од своите најдобри мечови воопшто како национален тим, но против Аргентина на финалето вечерва ќе треба да се претстават уште подобро за да може „црвената фурија“ да дојде до својата втора светска титула.
Иберијците се справија исклучително добро против „петлите“ во полуфиналето со победа од 2-0, иако избраниците на Дидие Дешамп беа сметани за фаворити.
Вечерва Шпанците излегуваат против актуелниот светски шампион Аргентина во натпреварот за најважниот трофеј во фудбалот, од 21 часот по македонско време во Њу Џерси.
„Дури можеме да се справиме и подобро. Мислам дека против Франција одигравме еден од најдобрите мечови што сме ги играле како национален тим воопшто. Но против Аргентина мислам дека мора да го подигнеме нивото, бидејќи тие се актуелниот шампион. И навистина сум уверен дека можеме да го направиме тоа“, изјави Родри пред вечерашниот двобој.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













