Добитникот на „Златната топка“ и играч за врска на Манчестер Сити, Родри, ќе биде надвор од терените барем до средината на септември поради повреда здобиена на натпреварот против Ал-Хилал.
„Родри се опоравува, но повредата од дуелот со Ал-Хилал е сериозна. Веќе тренира подобро и се надеваме дека по репрезентативната пауза ќе биде во одлична форма“, изјави менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
Покрај тоа, Манчестер Сити планира да му понуди нов договор на шпанскиот репрезентативец, со кој би ја продолжил соработката со клубот до летото 2029 година.
Во медиумите периодично се појавуваат шпекулации дека Родри е трансферна цел на Реал Мадрид, а претседателот на „кралскиот клуб“ Флорентино Перез не го крие интересот да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













